Напаѓач во студентскиот кампус во Аризона е осумнаесетгодишен бруцош
Властите во Аризона соопштија дека осумнаестогодишниот бруцош Стивен Џонс е напаѓачот кој денеска отвори оган во кампусот на Универзитетот Северна Аризона во Флагстаф и притоа усмрти едно, а рани уште три лица, пред да биде уапсен од полицијата.
Џонс денеска извадил пиштол во текот на кавгата со неколку студенти на паркингот пред кампусот и почнал да пука по нив. Тројцата ранети студенти имаат повеќе рани од куршуми и се наоѓаат на лечење во Медицинскиот центар во Флагстаф, а не е соопштено во каква состојба се.
До пукотницата дошло само неколку часа пред американскиот претседател Барак Обама да гп посети Розебург, во Орегон, за да се сретне со семејствата на деветте лица кои минатата недела беа убиени во масовната престрелка на локалниот колеџ.
-Засега не е познато што е причината за кавгата, рече шефот на полицијата во кампусот Грегори Фолер.
Џонс не се обидел да бега при апсењето и соработува со полицијата, додаде тој.
- Кампусот, во кој настава посетуваат околу 20.000 студенти, е обезбеден и часовите ќе се одржат, додаде Фолер.
Ново на Сител
-
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија
-
Минатата година беше најжешката досега во Србија
-
Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица
-
Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип
-
Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица
-
Осуденик физички нападнат во затворот Идризово
-
Пронајдено телото на 77-годишниот велешанец во близина на Штип
-
Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот