-->
-->
Нападнатото момче во скопски Карпош 2, во тешка состојба пренесено на скопските клиники
-->
Нападнатото момче попладнево во скопски Карпош имало 19 години. Слободен печат јавува дека се работи за 19-годишниот Ф.В. кој брутално бил нападнат.
– Околу 17.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Шекспирова“ во Скопје, Ф.В. бил физички нападнат од страна на едно лице со тврд предмет. Ф.В. е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид направи екипа од СВР Скопје, велат од МВР за порталот.
Инцидентот се случил во близина на Машинскиот факултетот во Скопје, во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош.
- Пациентот е во тешка здравствена состојба со сериозни повреди на глава и е однесен во ургентниот центар, велат од Брзата помош за Слободен печат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат
-
Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез од Србија
-
Курти со опозицискиот лидер Красниќи разговарал за одржување предвремени избори во Косово
-
Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија
-
Состојба на патиштата
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036