Нападнат претседател на месна заедница Шупли Камен и водостопански инспектор

Претседател на месна заедница Шупли Камен и државен водостопански инспектор, вчера во различно време, пријавиле во кумановската полиција дека биле нападнати, соопшти денеска СВР Куманово.
Според информациите на кумановската полиција, претседателот на месната заедница пријавил дека бил нападнат физички, а во вториот случај на инспекторката, која извршила увид на речно корито на Пчиња, вработен во сепарација се обидел насило да и го одземе записникот, соопшти денеска СВР Куманово.
Претседателот на Месната заедница „Шупли Камен“, 52 годишниот, Г.С. вчера во 11:00 часот пријавил во полицијата дека за време на протест и блокада на патот во кумановското село Шупли Камен, физички бил нападнат од непознато лице кое управувало товарно возило.
Според пријавата во тоа време на местото, пристигнале две товарни возила, по што возачот на првото возило излегол и физички го нападнал Г.С. и со непознат предмет му нанел повреда на вратот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден но, во 20: 00 часот во СВР Куманово, 57 годишната Л.З., државен водостопански инспектор во Државен инспекторат за животна средина пријавила дека околу 15:30 часот, додека заедно со водостопански инспектор извршувала службени задачи, по извршување на увидот на речното корито на река Пчиња, Б.Н., вработен во сепарација во река Пчиња, насилно се обидел да и го земе записникот, но бил спречен од полициските службеници. СВР Куманово презема мерки за расчистување и на овој случај.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
