Напади во повеќе земји на Блискиот Исток и покрај објавеното примирје

Напади во текот на ноќта и утринава се пријавени во повеќе земји на Блискиот Исток, и покрај објавата за примирје меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, пренесуваат медиуми и официјални извори.
Американски медиуми, повикувајќи се на израелски официјален претставник, наведуваат дека Израел од утринава продолжил со напади врз Иран, објави „Би-Би-Си“. Тоа се случува и покрај потврдите од Белата куќа и од Пакистан кој посредуваше во постигнувањето на прекинот на огнот, дека и Израел се согласил со договорот за примирје.
Напади се пријавени и во Ерусалим, каде новинарите на „Би-Би-Си“ наведуваат дека „слушнале и почувствувале повеќе експлозии“, со предупредувања упатени до населението.
Во меѓувреме сирени за тревога се огласиле и во Бахреин, а Министерството за внатрешни работи упатило повик до граѓаните да одат во засолништата.
Министерството за одбрана на Катар преку социјалните мрежи објави за пресретнати ракети насочени кон цели во таа земја.
Истовремено, Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека земјата се соочува со ракетни напади и беспилотни летала што доаѓаат од насока на Иран.
Во Саудиска Арабија, службите за цивилна заштита издале најмалку две предупредувања во последните два часа, а веќе по првото, според соопштенијата на надлежните и извештаите на новинарите во Ријад, било објавено дека ситуацијата е безбедна.
МИА
Ново на Сител
-

Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан
-

Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
-

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе
-

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“
-

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
-

Јовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилото
-

Пролетни средби со ММФ
-

Јаневска: Преземаме мерки за да ги задржиме младите, иселеници веќе се враќаат во Македонија
