Свет
13. November 2017 - 15:17

Напад врз конвој на мултинационалните сили во Кандахар

Бомбаш-самоубиец се разнесе со  автомобил-бомба меѓу колона возила на мултинационалните сили во јужната авганистанска провинција Кандахар, информира локалните власти.

- Можно е да има жртви меѓу странските војници, бидејќи некои возила се уништени, рече портпаролот на полицијата во Кандахар, Матиула Хилал.

На 15 септември, еден романски војник беше убиен, а неколку други беа повредени при напад на бомбаш-самоубиец врз конвој возила во провинцијата Кандахар.

Претходно денеска најмалку осум авганистански полицајци беа убиени при напад на талибанците во западен Авганистан.