Напад со нож врз свештеник во црква во Ница е „чин на неурамнотеженост“, отфрлен терористички карактер на нападот
Маж избодел две лица во верски објект во градот Ница на француската ривиера. Еден осомничен е уапсен, а животот на двете жртви не е во опасност, јави дописникот на МИА.
Се уште не е познат мотивот за нападот. Две лица биле избодени со нож од маж во црква во Ница изутринава, јавува Нис Матан. Нападот се случи во црквата Сен Пјер-д’Арен, недалеку од шеталиштето на Англичаните.
Свештеникот добил „неколку убодни рани“, а повреден е и еден верник „кој се обидел да го разоружа напаѓачот“, наведуваат медиумите од Ривиерата. И на двајцата им била укажана помош од пожарникари, и тие се во стабилна состојба. „Не е направена витална прогноза“ за жртвите на нападот, подвлекува на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.
Осомничениот набрзо бил уапсен од полицијата. „Станува збор за неурамнотежено лице “, посочува на Твитер на градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози. Според префектот на Поморските Алпи, Бернард Гонзалес, напаѓачот немал криминално досие.
„Од друга страна, најдовме траги од неговата психијатриска хоспитализација, тој беше следен и веќе престојуваше во болницата Сант Мари, во Ница“, прецизира тој, што се поддржува тезата за напад на неурамнотежено лице. На местото на настанот присуствувал и таткото на осомничениот кој и се ставил на располагање на полицијата.
Агресијата на отец Кристоф и сестрата Мари-Клод, оваа недела наутро околу 10 часот во црквата Сен-Пјер-д’Арен во Ница, е чин на неурамнотежена личност, потврди префектот на поморските Алпи, Бернар Гонзалес.
Осомничениот, маж роден во 1991 година во Фрежус, со живеалиште во Ница, е непознат за полицијата, но веќе неколку пати престојувал во психијатриската болница Сент Мари.
Наводниот напаѓач веднаш бил уапсен од националната и општинската полиција. Тој е млад човек кој живее во Ница, роден во 1991 година во Фрежус и е непознат за полицијата.
Според полициски извор, „очигледно биполарниот“ напаѓач „спонтано и кажал на полицијата дека е од еврејска вероисповед и дека на овој изборен ден сакал да го убие Макрон и дека на крајот отишол в црква“.
Двете повредени жртви свесни се пренесени во болница. Нивните денови не се во опасност. Единаесет верници биле згрижени психолошки.
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит
-

Тошковски: Ниту војската, ниту полицијата не треба да обезбедува водоводи
-

Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата
-

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма за даночно затајување од 3,8 милиони денари
-

Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка, продолжува испораката на флаширана вода
-

Зеленски: Ги сменив Федоров и Сирски за доброто на нацијата
-

„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар
-

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд
