Наначувањето в.д. на местото на Зврлевски одложено за 29 август

Седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да се назначи вршител на должноста јавен обвинител на Република Македонија, на местото на Марко Зврлевски, деенска е одложена за 29 август поради немање кворум.
Претседателот на Советот Петар Аневски, изјави дека на 29 август за в.д. шеф на Јавното обвинителство на РМ ќе биде избран обвинител од редот на постојните јавни обвинители во Обвинителството.
Во моментот. Зврлевски, кого Собранието на 17 овој месец го разреши од должноста, го менува обвинителката Лилјана Спасевска.
Владата на Република Македонија на завчерашната седница му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител.
Согласно член 41 од Законот за јавно обвинителство, Собранието на Република Македонија по предлог на Владата, го огласува именувањето на јавниот обвинител на РМ во „Службен весник на Република Македонија" и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 процента од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник".
Советот на јавни обвинители, пак, има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.
Потоа постапката продолжува во Владата која на седница ги разгледува кандидатурите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. Потоа одлуката оди во Собрание како Предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.
Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.
На предлог на Владата, Собранието на РМ на 17 август го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија. Во причините за разрешувањето Владата наведе дека Зврлевски ја вршел функцијата незаконито, ненавремено и недоволно стручно. Со своето однесување и дејствување, според Владата, покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
-

Мицкоски: Очекувам намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата
-

Предложен притвор за српски државјанин фатен на Богородица со 5.000 штеки цигари без акцизни маркички
-

Клековски: Три нови случаи на западнонилска треска
