Свет
15. August 2016 - 8:35

Наместо свадба, погреб: Влетале во провалија - 16 мртви

Најмалку 16 лица загинаа кога автобус со кој се превезувале сватовите на една свадба изгубил контрола и паднал денеска во провалија во Пакистан. Од 29 повредени лица, за жал 16 го загубиле животот поради сериозните повреди. 

Автобусот превезувал околу 50 лица, кои тргнале на свадбена церемонија. Младоженецот и невестата не биле автобусот.

Засега не е познато како автобусот загубил контрола и излетал во провалијата. Повеќе детали подоцна.