Наместо на одмор, Македонец преживеал вистински хорор во Црна Гора
Наместо одмор во Будва, седам на црногорскиот брег без болека и делумно без парични средства. Вака Александар ја започнува својата приказна за голготата што ја преживува на својот годишен одмор.
Тој тргнал за Будва со автобусот на една скопска туристичка агенција.Автобусот по пат до Будва застанал во Сутоморе за да остави дел од патниците. Но заедно со нив го оставил и багажот на Александар.
-Меѓутоа, откако стигна автобусот на именуваната Агенција во Будва, не можев да си го пронајдам својот багаж во Автобусот. Шоферот на автобусот незаинтересирано ме извести дека мојот багаж не е во автобусот, и дека истиот најверојатно е оставен во Сутоморе (при оставањето на дел од патниците). При тоа, не добивајќи никаква помош ниту од шоферот, ниту пак од претставниците на Агенцијата, и покрај тоа што комуницирав со нив и побарав помош за наведената ситуација. Поради тоа, лично на свој трошок решив да отпатувам за Сутоморе, за да го побарам куферот. Кога пристигнав во Сутоморе, бев известен дека багажот седел два саати на местото каде што биле оставени патниците од автобусот, меѓутоа по одреден период непознато лице го земал истиот. Поради немање никаква поддршка од агенцијата, се решив да го пријавам овој настан и во полициска станица, за чија пријава добив Записник и ветување дека ќе ме контактираат во ситуација ако некој го пријави истиот. Во комуникација со Агенцијата, наместо да се ангажираат за да ги проверат патниците кои се оставени во Сутоморе, да го пријават во полициска станица случајот или да ја намалат штетата која ми е нанесена, тие арогантно и незаинтересирано одговараат на моите повици и повиците од мојата фамилија. Ние сакавме да комуницираме и со газдата на Агенцијата, надевајќи се дека ќе се добие било каква надомест за истата ситуација, меѓутоа, вработените од Агенцијата не известуваа дека газдата е на одмор, и дека не е заинтересиран за овој настан се додека не го заврши својот одмор, вели Александар.
Ново на Сител
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето