Намалување на температурите - Еве какво време не очекува утре
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста и услови за локални краткотрајни врнежи од дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, кој ќе предизвика намалување на температурата на воздухот. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 25 до 32 степена.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 29 степени.
Од петок ќе настапи стабилизација на времето со повторен пораст на дневната температура, која во деновите од викендот ќе се движи од 30 до 39 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса, во текот на наредната седмица се очекува стабилно, суво и уште потопло време.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш