Намалено производството на мед во Куманово

Неповолните временски услови во летниот период, значително го намалија приносот на мед во Куманово, информираа од Здружението на пчелари „Пчела“. Производството по кошница се движи од пет до 10 килограми по мед, додека во минатите години производството изнесувало и по 30 килограми. Иако, пчеларите се уште вадат мед, сепак тоа нема значително да влијае на количината која ќе се собере и пласира на локалниот пазар.
- За жал, климатските услови овој период, не беа наклонети за пчеларството. Услов за добра пчеларска година е да има врнежи, влага во почвата и воздухот, не повисоки температури од 35 степени, а ние се соочивме со исклучително сушен период два месеци, со екстремно високи температури до 40 степени, така што, немавме услови во природата за нектарење и пчелите да можат да собираат мед, изјави Часлав Ристовски, претседател на пчеларското здружените.
Сепак, нагласува и покрај малите приноси, нема да се зголеми цената на медот која во овој период се движи од 350 за 400 денари за килограм. Ристовски информирше дека за неповолната медоносна година ги информирале и надлежните од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Ако не можеме да влијаеме на климатските промени, може да се влијае и преку други начини за да се подобри состојбата. Истакнавме дека треба да се води и сметка за пошумување со медоносни растенија и со медоносни дрва. Треба да се обрне внимание, при увоз на соодветни препарати. Побаравме од Министерството да го намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 проценти за увоз на пчеларска опрема и навремено исплаќање на субвенциите, изјави Ристовски.
Во Куманово има приближно 8.000 пчелни семејства, во градот има околу 200 пчелари, но последниве години се приклучуваат и млади кои се заинтересирани за пчеларството.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
