Намалено индустриското производство во првиот квартал годинава
Индустриското производство во периодот јануари-март годинава во однос на истиот период лани е намалено за 1,5 проценти. Во март годинава во однос на март лани е регистрирано намалување од 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во март годинава, во однос на март минатата година, бележи опаѓање од 4,1 процент, во секторот „преработувачка индустрија“ опаѓање од 0,7 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ има пораст од 0,3 проценти.
Намалувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите за производство на прехранбени производи, облека, електрична опрема, машини и уреди, неспомнати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во март годинава, во однос на март минатата година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија„“ за 3,9 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 40,5 проценти, додека опаѓање е евидентирано кај „енергија“ за 3,5 проценти, „капитални производи“ за 7,6 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 2,7 проценти.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк
-
Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило на автопатот Велес-Скопје
-
29-годишен прилепчанец преку лажен женски профил наведувал деца да разменуваат експлицитни слики и видеа
-
Халанд е најбрзиот кој стигнал до 100 голови во историјата на Премиер лигата
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар