Македонија
18. December 2019 - 11:07

Намалени водостоите на реките

Три пати пониски од просекот за декември се нивоата на реките Стаеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод и Црна Река кај Р.Б. Мост, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Двојно намалување бележат Лепенец кај Скопје, Крива Река кај Крива Паланка, Струмица кај Ново Село, Црна кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.

Водостоите на останатите реки не отстапуваат многу од просекот.