Македонија
17. November 2018 - 19:23

Намалена смртноста на новороденчиња, Македонија повторно далеку од европскиот просек

Годинава на Клиниката за Гинекологија евидентирале 96 смртни случаи на предвремено родени бебиња од 595 кои ги третирале на одделот на Интензивна нега. Од ГАК велат дека процентот на  смртност е намален, имајќи го во предвид бројот од 167 починати лани.

Според лекарите, превенцијата е она на што сите треба да работат за да не дојде до предвремено породување.