Бизнис
11. March 2020 - 16:35

Намалена потрошувачка на пазарите

Коронавирусот и зголемените мерки не ги затворија возрасните дома. Иако низ Скопје се забележува намалена раздвиженост, сепак, центарот на градот беше полн.

Граѓаните кои ги затекнавме надвор иако тврдат дека ги почитуваат препораките на надлежните, велат дека не се плашат од заразата.

Пазарите, кои важат за места каде има голема фрекфенција на луѓе работат нормално.

-Денеска на пазарите можат да се забележат голем број купувачи. Меѓутоа, пазарџиите велат дека фрекфенцијата е намалена, а тоа се чувствува и во нивниот промет.

Оние кои намирници купуваат од зелените пазари велат дека не им е страв од коронавирусот.

И покрај препораките некои родители и деца одлучија сончевото време да го искористат во Градскиот парк. Меѓутоа, сликата на игралиштата е различна.

-И детските и спортските игралишта останаа празни иако од денеска и официјално наставата во сите образовни институции е прекината.

Здратсвените власти препорачаа родителите да не ги носат децата во игротеки, како што тоа беше случај за време на епидемијата од морбили.