Намалена казната за поранешниот израелски премиер Олмерт
Претседателот на Израел Реувен Ривлин го помилува поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт, кој е осуден за корупција и му ја намали казната од 27 на 16,5 месеци, јави ТАСС.
Во неделата Олмерт беше ослободен од затвор пред време по негова молба, откако судските власти одлучија да ја намалат неговата казна за една третина.
Тој во 2008 беше принуден да поднесе оставка поради обвиненија за земање поткуп и попречување на правдата во врска со зделки за изградба на луксузен комплекс во времето кога бил градоначалник на Ерусалим и министер за трговија и индустрија.
На 20 јуни Олмерт беше примен во затворската болница поради проблеми со срцето.
Инаку, како што јави ДПА, сега Олмерт се соочува и со можни нови обвиненија за обид да изнесе строго доверливи информации од затворот. Имено, тој го замолил својот адвокат да изнесе ракопис од неговите мемоари, без проверка од страна на цензорите.
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава