Македонија
8. November 2021 - 16:36

Намален интересот за вакцинација

Малку за прва, повеќето за трета доза но бројките се далеку помали од вакциналните извештаи  пред десетина дена. Постојано има граѓани за имунизација пред пунктовите, но како што велат и лекарите интересот е опаднат. Ако само на 23 октомври биле аплицирани 7700 вакцини, истата количина била потрошена и за изминатите 4 дена.  Денеска пред Букурешт затекнавме и деветоодделенка која за да ги заштити останатите членови во семејството примила Фајзер.

-Јас живеам со моите баба и дедо и се вакцинирав за да ги заштитам. Секако им препорачувам на сите кои сакаат да се вакцинираат. Секако тоа е лично право и затоа ако сакаат, вели деветооделенка.

За прва доза на вакцина доаѓаат граѓани кои го прележале вирусот во априлскиот бран но и такви кои се исплашени од несакани ефекти, велат лекарите од пунктовите.

-Се соменваат дека има реакции од тоа што го читале или добиле информација од несоодветн извори. Но по разговорите со нас одлучуваат да ја примат вакцината и еве досега ниту еден не се вратил да реагира, вели др. Сања Цилевска Младеновска од вакцинален пункт поликлиника Букурешт.

Досега повеќе од 40 000 граѓани примиле бустер доза и за тоа можат повторно да генерираат нов сертификат преку вакцинација.мк.

-Се најавуваат, го бришат претходното генерираат нов каде им се дадени сите вакцини примени а подолу има опција и за вадење на европскиот сертификат, вели др. Цилевска.

За разлика од голем број европски земји, процентот на вакцинирани во Македонија е сеуште далеку од потребниот за колективен имунитет. Вакцинирана е 39 проценти од популацијата во земјата.