Намален интерес за вакцинација и за другите болести, а не само за Ковид-19
За повеќе од 30 проценти е опаднат опфатот со имунизација на задолжителните вакцини кај децата во главниот град. Од Здравствен дом Скопје ни потврдија дека отпорот е најмногу кај МРП вакцината и вакциналните тимови иако праќаат покани, голем број родители не се појавуваат во диспанзерите. Дали по пандемијата со ковид ни се закануваат епидемии со морбили и заушки? Епидемиологот Олумчев предупредува дека состојбата не е добра и повторно ќе имаме голем број незаштитени деца од болести кои можат да бидат под контрола.
-Не само во Скопје, и во Гевгелија, Битола, Прилем има напален опфат и тоа најмногу за МРП. А ако не се прими МРП според календар не може стрептококна, ако не може стрептокока не може петовалетна и тоа е поврзано а поради тоа одиме кон една бездна каде ќе имаме многу невакциинрани деца, вели др. Сашко Олумчев епидемиолог.
Доктор Олумчев кој е регионален координатор за имунизација во јужниот дел од земјата, алармира дека како здравствени работнции мора да ги заскукаат ракавите овој период и да го искористат за повторно укажување на родителите кој е бенефитот од вакцините но и дека тие се задолжителни.
-Ние како здравствени работници мора нешто да направием, уштењ не сме излегле од оваа криза ќе влеземе во друга. Овој период кога ковиодт е малку стивнат и секако летните месеци да ги искористиме за кампањи бидејќи ние не само што го подзаборавивме ова со вакцинацијата кај децата туку и хроничните болести и мора да се посветиме, вели др. Олумчев.
Лекарите очекуваат зголемување на опфатот кој мора да биде најмалку 95 проценти за да има колективен имунитет. На почетокот на 2019 беше прогласена епидемија на морбил иво Скопје а неколку месеци подоцна и во цела држава поради големиот број заразени и невакцинирани.
Во градинка и училиште нема упис без комплетен вакцинален картон, но во ова време на пандемија многу родители го пролонгираа вакцинирањето.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар