Намален бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата минатата година е намален за 0.3 % во однос на 2023-та. Во декември лани, пак, во споредба со истиот месец од 2023, нивниот број е помал за 4.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, вооднос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓањеод 5.0% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 2.5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.3 %, кај Капитални производи за 3.0 %, Интермедијарни
производи, освен енергија за 6.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 %. Додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка од 25.7 %.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото