Бизнис
25. March 2021 - 16:35

Намален број работници во пандемиската година

За една година бројот на невработени се зголемил за 53.792 лица. Толкава е разликата во евиденцијата на Агенцијата за вработување од февруари лани до истиот месец годинава. За познавачите на пазарот на труд состојбата е алармантна. Епидемиолошката состојба е се полоша, мерки за ставање под контрола речиси и да нема, а нема ни вакцини. После овој удар години ќе бидат потребни за невработеноста да се врати на нивото од пред кризата.

Мерките на Владата можеби го ублажија ударот, но не беа доволни, вели Ненадиќ. Услужните дејности не работат, а производството се соочува со намалени нарачки и намален извоз. Работници речиси никој не бара.

Според податоците на АВРМ, иако бројот на нови невработени во нивната евиденција е зголемен за 53.800, директно како последица на корона кризата без работа останале 18.266 лица.