НАкС бара исплата на минат труд од основниот буџет на МОН
Независниот академски синдикат (НАкС) во отворено писмо до премиерот Оливер Спасовски го изразува незадоволството од нерешениот проблем со исплатата на ветените 10 проценти од јануарската плата за вработените во високото образование и, како што наведува, „поради нечии лични интереси кои немаат допирни точки со заложбата за унапредување на положбата на вработените, се испроблематизира начинот на кој ќе се изврши ветеното покачување“.
Посочува дека имаат решенија за надминување на проблемот. Нивниот предлог за измена на Законот за исплата на плати не може да биде разгледан поради распуштање на Собранието, но го известуваат премиерот дека нудат уште една опција – на вработените да им се плаќа за минат труд.
-Тргнувајќи од фактот дека средствата за покачувањето на платите во високото
образование се предвидени во Буџетпт за 2020 година, можете веќе на следната владина седница
да го задолжите ресорниот министер веднаш да отпочне со исплата на минатиот труд од
основниот буџет на МОН. Притоа, потенцираме дека тоа не е ветеното покачување од 10 отсто, туку е законска обврска која со години не се реализира – уште еден доказ за тоа колку високото
образование е фрлено на маргините на општествениот фпкус, пишува во отвореното писмо на НАкС до Спасовски.
Синдикатот додава и дека се обидува да биде максимално конструктивен и нуди решенија, има свој предлог колективен договор што е игнориран од ресорниот министер и дека трпението на неговото членство е исцрпено.
– Исплатата на минатипт труд е само еден мал дел од овој значаен документ. Сепак, извршување на исплатата би го сметале за позитивен чекор од Владата и успешен почеток за натамошни преговори. Во спротивно, постои ризик бранот на незадоволството да се излие во форма на протести и во неброени поединечни тужби за неисплатен минат труд, наведуива НАкС во отвореното писмо до премиерот Спасовски.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски во работна посета на Австралија
-
Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8
-
Денес тргнува првиот воз од Скопје за Куманово
-
Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“
-
Зеленски: Повеќе од 45.000 украински војници загинаа во војната
-
Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети