Наковска-Бикова го освои осмото место во Париз во воздушен пиштол
Оливера Наковска Бикова го освои 8-то место во дисциплината П2-Воздушен пиштол-жени 10м. на параолимписките игри во Париз.
Претходно, во квалификациите на оваа дисциплина, Оливера го освои петтото место со резултат од 558 кругови и се пласира меѓу најдобрите 8 спортистки кои борбите ги продолжуваат во финале. Таа всушност квалификациите ги заврши како шестопласирана, меѓутоа иранката Шахи беше дисквалификувана од судиите по извршена контрола на оружје, нејзиниот пиштол не држеше минимум пропишана тежина на опалување (>500 грама).
За жал, во финалето, работите не течеа според планираното и очекуваното и на крај таа после 12 истрели прва го напушти финалето освојувајќи го 8-то место во конечен пласман во оваа дисциплина.
Ова се шести по ред параолимписки игри на кои настапува Наковска Бикова (од Атина 2004 до денес), и на секоја од нив таа влегуваше во финале.
За два дена, на 02.09.2024 година, Наковска Бикова ќе настапи во квалификациите на дисциплината П3- Спорт пиштол 25м.
Ново на Сител
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката
-
31 годишник бранејќи се од дива свиња се самозастрелал во штипско
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД