Наковска-Бикова го освои осмото место во Париз во воздушен пиштол
Оливера Наковска Бикова го освои 8-то место во дисциплината П2-Воздушен пиштол-жени 10м. на параолимписките игри во Париз.
Претходно, во квалификациите на оваа дисциплина, Оливера го освои петтото место со резултат од 558 кругови и се пласира меѓу најдобрите 8 спортистки кои борбите ги продолжуваат во финале. Таа всушност квалификациите ги заврши како шестопласирана, меѓутоа иранката Шахи беше дисквалификувана од судиите по извршена контрола на оружје, нејзиниот пиштол не држеше минимум пропишана тежина на опалување (>500 грама).
За жал, во финалето, работите не течеа според планираното и очекуваното и на крај таа после 12 истрели прва го напушти финалето освојувајќи го 8-то место во конечен пласман во оваа дисциплина.
Ова се шести по ред параолимписки игри на кои настапува Наковска Бикова (од Атина 2004 до денес), и на секоја од нив таа влегуваше во финале.
За два дена, на 02.09.2024 година, Наковска Бикова ќе настапи во квалификациите на дисциплината П3- Спорт пиштол 25м.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен и Кошта по средбата со Вучиќ: Сакаме да видиме демократска Србија во ЕУ
-

Доналд Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“
-

Во октомври издадени 446 одобренија за градба, 22.9 % повеќе од лани
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025
-

Сончево со наместа зголемена облачност во утринските часови
-

Град Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово насилство
-

Кога да се побара стручна помош? | Стефанија Трајческа - Дефектолог | Sitel Podcast 130
