Најзаразен сој на коронавирусот, кракен се шири низ светот
Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата.
Новиот вид познат и како Кракен, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“. По појавата на Кракен, забележан е голем пораст на бројот на заболени, што е прво забрзување од таа големина од појавувањето на Омикрон минатата зима.
Кракен иако е многу заразен, според експертит сојот всушност е „роднина“ на омикрон и е релативно понеопасен од неговиот претходник.
На здравствените работници во Велика Британија им е препорачано да носат маски, да работат од дома кога можат и да одржуваат социјална дистанца, со што се постои „ризик од колапс“ на британскиот здравствен систем, истакнува „Дејли мејл“.
Според истражувањата открено е дека кракен е спој на подсоеви БА. 2.10.1. и БА.2.75 и сочинуваат 75 проценти од случаите во најпогодените делови на САД.
Експертот од Мелбурн, Мајк Хани истакна дека во Велика Британија се регистрирани 28 случаи на кракен, од кои 24 во Англија, два во Велс и по еден во Северна Ирска и Шкотска.
Водечките германски здравствени власти денеска изразија загриженост за новиот вид, а Германија досега пријавила еден случај.
Ново на Сител
-
Кривична за бизнисменка од Кавадарци, затаила данок од над 800.000 евра
-
Приведен 45-годишен маж од Радовиш, предизвикал пожар
-
Излетале од патот по што се запалил автомобилот, во тешка сообраќајка загина Диого Жота и неговиот помлад брат
-
Израелската армија употребила бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа
-
Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението
-
Диди виновен за спроведување проституција, ослободен од најсериозните обвиненија
-
Во период од шест часа 169 сообраќајни прекршоци на подрачје на СВР Тетово и СВР Куманово
-
Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса