Џет-Сет
1. September 2017 - 14:22

Најубавата турска актерка блеска во бело на својата свадба

Познатата турска актерка и убавица со тапија зошто победи на Мис Турција во 2002 години и стана Мис на светот истата година, Азра Акин деновиве го кажа судбоносното ДА. Таа се омажи за своето момче Атакан Кору со кого беше во врска последните 4 години.

Азра на својата свадба блесна во венчаница од познатиот турски дизајнер Џемил Ипекчи кој и во 2002 година и ги изработи фустанот со кој блесна на изборот на Мис на светот.

Азра Атакан е актерка и познат модел во Турција. Таа десетина година беше во врска со познатиот актер и модел Киванч Татлитуг или како што го нарекуваат турскиот Бред Пит.