Најтопло било во 2007 година, измерени 45,7 степени
Најтопло лето откако се мерат температурите во земјава имало во 2007 година кога се измерени рекордни 45,7 Целзиусови степени.
Температурниот максимум е регистриран во Демир Капија на 24 јули 2007 година. Рекордот и за Скопје е во истиот тој ден, кога температурата се искачила до 43,4 степени. Тој ден се измерени и рекордни 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 степени во Штип и 40,2 степени во Крива Паланка.
Температурите во државава официјално се мерат од 1948 година. Имало мерења и порано, но не е сигурно колку се прецизни, велат од УХМР.
Територија на земјава и деновиве е зафатена од тропски бран и високи температури кои ќе достигнат 40 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9.
Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта алертна фаза за високи температури.
Најтополо денеска ќе биде во Демир Капија, 40 степени, а најсвежо во Маврово, 28 степени.
До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа повторно следува период на сончево и топло време.
Поради тропското време, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево

