Најстудено во Маврово и Лазарополе
Најниска температура од минус 10 степени во седум часот изутрина е измерена во Маврово, по што следат Лазарополе - 9, Крушево - 7, Кр. Паланка - 6, Пожар и Претор - 5, Пожаране, Берово, Охрид и Тетово - 4, Ѓуриште, Дебар, Тополчани и Битола - 3, Прилеп и Виница - 2, Скопје Петровец - 1, ....
Висината на снежната покривка во Маврово изнесува 11 сантиметри, шест во Ѓуриште, пет во Лазарополе, четири во Берово, три во Крушево...
Според УХМР, времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Највисоката температура ќе достигне од два до 10 степени.
Во скопското подрачје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до околу 9 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Во крајните западни делови ќе има услови за локални врнежи од дожд, а вторник кон крајот на денот и в среда врнежите ќе се прошират и во останатите подрачја, но ќе бидат од локално застапени.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат