Најстудено во Крива Паланка и Маврово, најмногу дожд во Охрид и Дебар
Во Крива Паланка и Маврово утринава се измерени -6 степени, во Берово, Лазарополе и Крушево -5, во Прилеп и Тетово -2 , во Куманово, Виница, Д. Капија, Охрид, Струмица и Битола -1, додека во Претор, Скопје и Штип нула степени. Најтопол град е Гевгелија каде утрвово се измерени 6 степени.
Најмногу воден талог во изминатите 24 часа до 7 часот се наврнати во Охрид и Дебар по 8 литри на метар квадратен, па 6 во Маврово, 4 во Виница, по 3 во Битола и Претор, 2 во Крива Паланка и 1 литар на метар квадратен во Крушево, Тетово, Прилеп, Д. Капија и Пожаране, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Температурата се спушти брзо и особено на североистокот. Облачноста се намали и ветерот исто така, но утринава уште има засилен ветер во Штипско.
Времето денеска ќе биде сончево, но студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветр. Температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Во Скопје слично време со температурата до 7 степени.
Ново на Сител
-
Понеделник е неработен ден
-
Заев – Тигањ: Македонија направи одлични реформски резултати, продолжува помошта во пристапниот процес кон ЕУ
-
УЈП почна со исплата на парични средства по основ на МојДДВ
-
Пендаровски: И граѓаните од земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од ЕУ
-
Камчев како сведок во „Рекет“: Боки 13 ми вршеше притисок преку Јанева и Стефанова
-
Опожарено возило во Кавадарци, пожарникари спречиле огнот да се прошири и на куќата
-
Тепачка во Неготино, физички напад во Кавадарци
-
Охрид го чествува патрониот празник „Свети Климент Охридски“