Најстудено во Берово, од утре повисоки дневни температури
Најниска температура во Македонија во седум часот изутрина, од минус шест степени, е измерена во Берово, минус три степени се регистрирани во Струмица и Демир Капија, минус два во Скопје - Петровец, Крива Паланка, Гевгелија и Штип, минус еден во Дебар и во Куманово.
Во Скопје - Зајчев рид, Тетово и Виница, нула степени, еден степен во Маврово и Прилеп, два во Дојран, Претор, Крушево, три во Битола, а во Охрид четири степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во наредните денови, според УХМР, ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Од утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на топла воздушна маса од југозапад која ќе услови висока дневната температура за овој период од годината, особено во среда и четврток.
Ново на Сител
-
Руски агент во Киев осуден на 15 години затвор за насочување напади во близина на Покровск
-
САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина
-
Венс: Војната во Украина нема брзо да заврши
-
Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче
-
Честитка од рускиот патријарх Кирил до архиепископот Охридски и Македонски Стефан
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“
-
Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД