Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Берово - 6 степени, -3 степени се измерени на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка, Претор, Битола, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Струмица, -1 во Охрид, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Куманово, 0 во Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, 2 во Гевгелија и 5 степени во Дојран.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Изутринава е сончево со мала локална облачност. Наместа дува слаб ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
