-->
-->
Најстудено со најмногу снег во Маврово
-->
Најниска температура изутрина во седум часот во Македонија е измерена во Маврово, каде се регистрирани – 8 степени, по што следат Крушево со – 7, Лазарополе со – 4, Берово, Охрид, Претор и Прилеп со -3, -Виница, Битола и Крива Паланка со – 2, Тетово и Штип со -1…
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најмногу снег има во Маврово каде снежната покривка е 26 сантиметри, во Крушево 22, во Битола 15, Тополчани 12, осум Пожаране и Лазарополе…
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито со врнежи од снег, поинтензивни претпладне и во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува умерен северен ветер кој на северот и долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.
Во Скопје ќе биде облачно студено и ветровито со повремен слаб снег, претежно претпладне. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег претежно во јужните делови и на југоистокот. Ќе продолжи да дува северен ветер поинтензивен долж Повардарието. Поради многу ниските температури ќе има појава на голомразица
За време на викендот ќе има особено ниски утрински температури. Во сабота преку денот ќе има повеќе сончеви периоди, а во недела повеќе облачност се очекува во северните делови каде што ќе има услови за локална појава на снег.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос