Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Најстудено утрово е на Попова Шапка, 0 степена Целзиусови, а максимални 12 степени се измерени во Гевгелија.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, 2 степена се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, 3 во Крушево, 6 во Охрид, Претор и Берово, 7 во Крива Паланка, Битола, Прилеп и Виница, 8 во Тетово, Куманово и Штип, 9 Скопје–Зајчев Рид, Струмица и Кавадарци, како и 10 Скопје–Петровец, Велес и Демир Капија.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Битола и Претор наврнало пет литри на метар квадратен, 4 во Тетово, Пожаране, Тополчани и Ѓуриште, 3 во Скопје-Петровец, Куманово, Прилеп, Крушево, Штип, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Попова Шапка, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Маврови Анови и Лазарополе, како и 1 литар на метар квадратен во Крива Паланка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
