Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој во регионот на Штип достигнуваше брзина до 45 километри на час. Изутринава времето е сончево со мала до умерена локална облачност.
Најстудено беше на Попова Шапка кае е измерена температура од – 7 степени Целзиусови по што следат Крушево со – 5 и Маврови Анови со – 4, - 3 степени се измерени во Берово, -2 во Петровец, Штип и Виница, -1 во Скопје кај Зајчев Рид, Битола, Струмица, Тетово, Крива Паланка и Охрид, 0 во Демир Капија, Претор и Прилеп, 1 во Кавадарци и Велес, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерена температура од 2 степена Целзиусови.
Најмногу дожд 5 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Тополчани, 4 во Пожар и 1 во Крива Паланка, а највисока снежна покривка од 59 сантиметри има во Маврови Анови, 54 сантиметри се измерени на Попова Шапка, 24 во Крушево и 2 во Тетово.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО