Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Утрово на Попова Шапка е најстудено, -10 степени и има најмногу снег, 60 сантиметри.
Како што информира УХМР, висината на снежната покривка е 53 сантиметри во Маврови Анови, 36 во Крушево, 28 во Битола, 25 во Дебар, 24 во Тетово, 21 во Штип, 20 во Демир Капија, 18 во Берово и Прилеп, 14 во Претор, 12 во Виница и Струмица, 8 во Охрид и 4 во Крива Паланка.
До 08:30 часот се иземерени -7 степени во Маврови Анови и Крушево, -6 Берово, -3 Битола, Дебар, Прилеп, Тетово, Крива Паланка, Претор, -2 Охрид, Виница, Куманово, Штип, -1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, Демир Капија, 0 Велес и 2 степена во Гевгелија.
Најмногу врнежи изминатите 24 часа имало во Демир Капија и Велес, два литра на метар квадратен, како и по еден метар во Скопје-Петровец, Попова Шапка, Кавадарци, Берово, Тетово, Крушево и Дебар.
Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено наместа со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени. Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 4 степени.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче
-
Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година
-
80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски