Најстариот човек на светот ја прослави својата Бар Мицва
Моментно најстариот човек на светот, конечно ја прослави својата Бар Мицва - сто години подоцна отколку што е тоа вообичаено.
Израел Кристал, кој има 113 години, ги има преживеано двете светски војни и Аушвиц. Кога имал 13 години, тој ја пропуштил можноста да го обави ритуалот со кој кај Евреите се означува верското полнолетството, бидејќи токму тогаш Првата светска војна била во својата кулминација.
Викендов, сто години подоцна, таа неостварена желба му се исполни.
- Беше презадоволен додека ја рецитираше традиционалната еврејска молитва на благодарноста, опкружен со најблиските. Неговите деца, внуци и вкупно 30 правнуци се собраа за да ја одбележат церемонијата, изјави неговата ќерка Шуламит Куперстох.
Претходно годинава, тој од Гинисовата книга на рекорди доби и сертификат на најстариот човек на планетата.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност