Македонија
18. May 2019 - 16:30

Најстарата куќа на струшкото шеталиште пред уривање

Најстарата автентична куќа во струшката чаршија се распаѓа.  Чардакот на објектот изграден пред повеќе од 150 години кој претставува препознатлив белег на Струга секој момент може да се сруши и претствува опасност по минувачите низ чаршијата.Глигорие Ќатоски кој е сопственик на ¼ вели дека не му се  дозволува пристап во куќата од страна на жената која живее таму и во моментот имам поведено судска постапка со цел пристап во куќата и до местото каде треба да се санира куќата . Од негова страна моментално поставена е импровизирана ограда и писмени предупредувања со напомена до пешаците да не се приближуваат до куќата.

За ваквата состојба известени биле и надлежните институции за да се заштити ова културно историско богатство .

Од Завод и музеј велат дека објектот без оглед на староста не е поединечно заштитено добро за да може да се превземат активности за негово санирање.Охридскиот завод и музеј го евидентирал објектот но не е ставен под заштита .