-->
-->
Најсреќниот ден во животот на невестата се претвори во тага - Додека го играше свадбениот танц совојот...
-->

Тоа би требало да е најсреќниот ден во животот на младата невеста. Но, среќата на Мишел Хауард бргу се претворила во тага кога нејзиниот татко, детективот Тим Бјукенен, претрпел фатален срцев удар за време на свадбениот танц со неа.
54-годишниот Бјукенен, неговата сопруга Џени и нивните деца на 3 септември допатувале од САД во Сан Хозе, Костарика, за да присуствуваат на свадбата на Мишел и зетот Луис Диего Гранера.

Џени Бјукенен, која е свадбен фотограф, ја споделила фотографијата на која таа се бакнува со нејзиниот сопруг само неколку часа пред тој да почине.
„Никогаш не знаете кога последниот пат навистина е последен пат“, напишала таа во коментар на сликата следниот ден. „Од каде да знаев дека само по неколку часа ќе го загубам. Тим влезе во мојот живот кога бев целосно скршена и ми помогна да се изградам во силна личност. Во текот на заедничките години изгледавме четири прекрасни деца, се грижевме за моите помали браќа кога најмногу им требавме и дури ја имавме честа да добиеме прекрасно внуче. Тој беше најпрекрасната душа која ја познавав и нема да бидам истата без него.“

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори