Најскапиот стан во Центар продаден за 280 000 евра

Во третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра, покажуваат денеска објавените податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.
Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 845 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 26.463 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.
Од евидентираните 937 продажби од инвеститор во Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал, 845 се за станови, 89 за куќи, а две продажби на гаражи.
Доколку се направи споредба на продажбата на новоградбите, односно продажбите од инвеститор (стан, куќа, деловен простор, гаража и др.), од третиот квартал со вториот квартал од годинава каде што се регистрирани 754 такви продажби се забележува раст за 183 проданени новоградби во третото тримесечие.
Исто така, ако се направи споредба на продажбата на новоизградени станови во овој квартал со вториот квартал од 2025 година каде што се регистрирани 676 продажби на станови од страна на инвеститор, односно продажби на нови станови, тогаш се забележува раст во третиот квартал од 2025 година, и тоа за 169 продадени новоизградени станови.
Доколку се разгледа купопродажбата на недвижностите по типови на купопродажба, може да се забележи дека најголемиот број купопродажби припаѓаат на купопродажби на станови, со 32 проценти. Во третиот во однос на вториот квартал од 2025 година има зголемување за 1 еден процент на купопродажбата на станови, односно во вториот квартал тие опфаќаат 31 процент од вкупниот број на купопродажби.
Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот на цени и закупнини има во општина Аеродром, 275 станови, а Битола е со најмногу продадени куќи, 71. Од скопските општни во третиот квартал во Центар се продадени 236 станови, 133 во Чаир, 121 во Гази Баба, 114 во Кисела Вода, 103 во Карпош... Во Гостивар се продадени 11 станови, во Охрид 99, во Тетово 84, во Струмица 83,...
Најмногу продажби на деловен простор има во општините Аеродром и Центар каде што се продадени по 22 вакви недвижности.
МИА
Ново на Сител
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
-

30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар
