Најпотресна снимка од земјотресот: Куче не сака да се оддели од ковчегот на газдарицата

Сликата од кокер - шпаниелот Флеш како со часови лежи покрај ковчегот на својата сопственичка Андреа Коса (45) настрадана во земјотресот во Италија го обиколи светот.
Андреа е од Сардинија, но била на одмор во селото Пескара дел Тронта кога една зграда се урнала од синиот потрес и ја убила.
Ова место остана срамнето со земја, дел од паднатите ѕидови уништија автомобили, куќите се претворени во пепел, а личниот имот на жителите остана затрупана под урнатините.
Телото на несреќната Андра е префрлено во Помеција, каде живеела и каде во петокот е погребана.
Од нејзиното куче Флеш, велат нејзините пријатели, никогаш не се раздвојувала, а пред погребот со часови лежело покрај нејзиниот ковчег, гребејќи со шепите по него.
Снимката од трогателната глетка го обиколи светот, потсетувајќи ги сите на трагедијата која ја погоди Италија, но и за нераскинливата врска меѓу кучето и неговиот сопственик.
Ново на Сител
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
