Најпотресна слика од трагедијата во Ница: Татко во очај ги рашири рацете кога дозна дека синот
Сликата на таткото кој само што дознал дека синот (4) и сопругата му се меѓу загинатите во масакрот во Ница е една од најпотресните по ова злосторство.
Тахар Меџри со часови очајно одел по Англиската променади, каде што се случи масакрот, барајќи го синот Килијан, но наместо на него, налета на официјалните власти кои му потврдија дека синчето му загинало.
Тахар во овој момент, кој го забележаа камерите, очајно ги кренал рацете и викал „двајцата, двајцата“. Тој веќе знаел дека жената Олфа му загинала, но се надевал дека некаде сепак ќе го пронајде жив синот единец.
Неговите жена и дете се меѓу 84-те жртви на овој напад. Меѓу загинатите има уште едно 4-годишно дете, седум члена на едно француско семејство и татко кој и го спаси животот на бремената жена скокајќи пред камионот за да го оттурне.
Ново на Сител
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк