-->
-->
Најоштетени крајбрежните објекти од Канео до градскиот плоштад
-->

Во расчистувањето што продолжува денеска ќе бидат ангажирани сите Јавни претпријатија со потребни работници кои ќе бидат подготвени со алат и механизација за санирање на штетите.
Од Кризниот штаб апелираат да се тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување.
Правните и физичките лица кои се оштетени од невремето од понеделник ќе можат да поднесат барање за обесштетување. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по пријава ќе излезе на терен.
- Во Охрид вчера дуваше силен ветер од јужен правец чија брзина изнесуваше над 90 километри на час, што го разбранува Охридското езеро. Силниот ветер од над 90 километри на час, предизвика бранови во висина од 120 сантиметри, велат од Кризниот штаб.
Нивото на Охридското Езеро е на 693,78 метри и тоа е три сантиметри над дозволената кота од 693,75 метри.
Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни вода во секунда.
Екипите на јавните претпријатија расчистувале и во текот на вчерашниот ден, а противпожарната единица имала осум интервенции на паднати оџаци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна
-
Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата
-
Трамп: ЕУ е создадена за да ја искористува Америка, ќе воведам 25 отсто царини за автомобили
-
Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица
-
Дончиќ за мечот против неговиот поранешен тим Далас: Имаше многу емоции, мило ми е што победивме
-
Полицијата во Германија во состојба на зголемена приправност по закани за напади на карневалите
-
Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за 53-годишник од Делчево
-
Затвореник почина во Идризово