Живот
28. February 2016 - 12:29

Најмрачниот лик од југословенската сцена: Уметник, панкер и убиец

"Јас сум Сатан Панонски, по народност панкер, по занимање пријател“, вака Ивица Чуљак се претставуваше на сцена. Веднаш потоа ќе земеш жилет или стакло и на публиката и приредуваше крваво шоу.
 

Сатан Панонски беше познат по провокативните песни и крвавите настапи во текот на кои се сечеше на бината, скокаше на глава, си гасеше отпушоци по телото...

-Сатан буквално беше сатана за сите луѓе, се она што ги згрозува луѓето, тој уживаше во тоа да шокира. Од него никогаш не можевте да очекувате ништо нормално, беше она што семејните луѓе не го поднесуваат, нивен кошмар. Ги сакаше луѓето, но не и човечкото лицемерие...Иако и јас знаев да си скршам шише од глава, по телото никогаш не се сечев. Луѓето од тие глетки паѓаа во несвест,но тој, така ми зборуваше, при тоа не чувствувал ни најмалк болка. Живееше до коска, како секој ден да му е последен, но свушност мислам дека во длабочината на душата беше многу несреќен човек, раскажува Горан Баре, фронтменот на бендот Мајке.

На Сатан шок му беше второт име, а страшната судбина дополнителна подлога за раскажување на многу бизарни митови за него.

-Ги шокирам за да ги ослободам луѓето. Кога ги шокирам со поглед, знам дека ќе ме слушаат, а кога ме слушаат, тогаш тоа е хипноза, лудило. За тоа сум мајстор. Перфекција која го парализира мозокот, разумот. Во тие моменти ги ослободувам, деблокирам од барикадите кои се нафрлени низ образованието и разни тортури за перење на мзоокот. Подоцна кгоа ќе се врати дома, тој е повторно тој од цивилизацијата, со своите барикади. Тоа е моето занимање на пријател. Ете тоа го правам за да ги ослободам луѓето од тешкотиите.

Меѓутоа, тој не само што ги „ослободуваше“ другите...

-Иако тоа не гледачите не им го сугерирам, верувам дека се саморануваше поради грижа на совет поради тоа што убил човек, вели српскио режисер Милорад Маринковиќ, кој дипломираше со документарецот за Сатан Панонски.

Трагедијата која ја одреди неговата судбина се случи во 1981 година на концертот во родниот град Винковци.

-Во кафеанска тепачка некој човек избодел 15 пати и така ги убил, се сеќава Баре.

Приказната за самоодбрана на судот не помина поради недостаток на докази па пејачот е осуден на 12 години затвор. Предвидената локација за извршување на казната бил Голи Оток, но сепак завршил како психијатриски случај во затворската болница Поповача.

Неговите блиски се сложуваат дека до трагедијата дошло затоа што Ивица го бранел својот брат и дека поради тоа не му било место во лудница, но Ивица „инсистирал на својата лудост“ зошто проценил дека таму ќе му биде подобро отколку во затвор. Таму ги сними и своите два албуми „Љуљамо љубљени љубичасти љуљ“ и „Неклеарне олимпијске игре“, а ја напиша и култната збирка поезија „Ментални рањеник“. Повремено излегувал за викенди и настапувал со бендот Погреб или самостојно како Сатан Панонски.

По 8 години од затворањето, Ивица Чуљак се нашол на боиштето. Загинал 1992. година на свои 32 години во униформа на хрватската војска. Како и за животот, така и за неговата смрт се предеа бројни бизарни приказни - дека загинал од заскитан куршум, дека во прашање била одмазда поради убиството, па дури и дека јуришал со меч на тенк. Сепак пријателите велат дека во прашање е несреќен случај - дека Чуљак се враќал дома воружен со калашников и со едно случајно допирање си пукнал во себе.