Свет
16. August 2016 - 9:50

Најмонструозно злосторство на ИСИС: Сварија живи луѓе во врел катран

Терористите на исламската држава на брутален начин погубија шест лица така што ги фрлија во буре со врел катран.

Како што јавуваат светските медиуми, овој монтруозен случај на погубување се случил во џихадистичкиот команден центар во Ал - Шор во Ирак.

„Шпионите“ кои се погубени биле жители на Мосул и наводно работеле за ирачката влада.

Припадниците на исламската држава од основањето на оваа терористичка организација своите противници јавно ги погубуваат на ужасни начини.

Printskrin:Youtube/Mail Online

Наводните шпиони најќесто ги фрлаат во врел катран, додека припадниците на ЛГБТ популацијата ги фрлаат од покрив на згради, а неретко на невини луѓе им отсекуваат глава.