Најмногу гости од Бугарија во туристичките капацитети во Малешевијата за Нова година

Туристичките капацитети во Малешевијата за дочек на Нова година се преполни со странски туристи. Најголем дел од нив се гости од Бугарија, кои како што велат пехчевските угостители, ги резервирале своите места пред повеќе од три месеци.
– Во нашиот капацитет одамна нема место за нови гости кои сакаат Новата година да ја дочекаат во Пехчево. Причината е што имаме туристи кои задоволни од нашата понуда како редовни гости во минатото, од поодамна го резервираа своето место за дочекот на Новата година, велат од туристичкиот капацитет „Гогов”.
Туристите, како што додаваат, се одлучуваат овде да ги поминат празниците поради чистата и недопрена природа и обилната гастрономска понуда.
-Храната можеби е на прво место, бидејки во понудата не само кај нас, туку и во останатите локали се нудат здрави органски производи и традиционална малешевска храна. Исто така, привлечни се разните организирани прошетки низ пехчевскиот предел, како искачување до пехчевските водопади, посета на локалитетот „Равна Река”, организирани џип-тури и многу други активности кои се се поатрактивни за туристите, додаваат од „Гогов”.
Слична е состојбата и во Берово и Делчево. И таму според информациите на угостителите аранжманите со ноќевања се резервирани од гости од Бугарија, а во последно време овде доаѓаат и туристи од Грција кои често можат да се забележат и за време на викендите.
Ново на Сител
-

ДУИ: Минималната плата да се зголеми за 3.000 денари
-

Комеморација за четирите загинати ученици во штипското средно медицинско училиште во „Пулс“
-

Малигните заболувања втора причина за смртност
-

Над 20.000 граѓани се очекува да ги искористат бенефитите на новиот Закон за работно ангажирање
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
-

Партиите за предлогот Савески да е државен обвинител
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
