Најмногу дожд во Виница, Крива Паланка и Берово

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Македонија наврна во Виница, 30 литри на метар квадратен, 28 во Крива Паланка, 27 во Берово, 21 Ѓуриште, 19 Куманово и Струмица, 18 во Штип, 16 Пожар..., информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Снежна покрива од четири сантиметри има во Лазарополе и Маврово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Утре попладне и во недела под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места се очекува да бидат обилни, локално над 30 литри на метар квадратен. Променливо облачно ќе биде и во почетокот на наредната недела, но врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет. Ќе дува и умерен до засилен северен ветер.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
