Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено во Лазарополе
Најмногу дожд денеска до 16 часот наврна во Крива Паланка, 18 литри на метар квадратен, а најмалку во Гевгелија, еден литар.
Како што информира УХМР, попладнево до 16 часот водниот талог достигна шест литри на метар квадратен во Пожар и Лазарополе, пет во Берово, Струмица и Виница, три во Скопје Петровец и два во Маврово и Скопје.
Најстудено е во Лазарополе каде се измерени пет степени, седум во Маврово, девет во Ѓуриште, 10 во Берово и Пожар, 11 во Пожаране, 12 во Скопје и Крива Паланка, 13 во Претор, 14 во Виница, Охрид, Скопје Петровец и Тополчани, 15 во Прилеп и Тетово, 16 во Гевгелија, Струмица и Штип, 17 во Битола и 18 степени во Демир Капија.
Според УХМР, до крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд претежно во источните делови. Ветерот од вечерните часови ќе намалува со интензитетот.
Утре се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд во западните и во северните делови. Ќе дува умерен ветер долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од пет до 11 степени, а максималната температура од 12 до 19 степени.
Во Скопје утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од осум до 15 степени.
Во наредните денови, како што информира УХМР, ќе преовладува променливо облачно време повремено со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. До четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. Во следните два дена утрата ќе бидат посвежи.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство