Најмногу дожд во Гевгелија и Крушево
Во Гевгелија и Крушево во текот на изминатите 24 часа паднало најмногу дожд. УХМР измери воден талог во овие две места 30 литри на метар квадратен. Во Битола се измерени 21, Маврово 20, Ѓуриште 19, Демир Капија 16, Пожаране 15, Пожар, Лазарополе и Тополчани 11, Струмица 10, Тетово 9, Скопје, Виница и Берово 8, Штип, Прилеп и Крива Паланка 6, Претор 5 и во Охрид 2 литри.
Во Маврово и Лазарополе има снежна покривка од 3, односно 4 сантиметри.
Времето во текот на денот ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, на планините од снег. Поинтензивни врнежите ќе бидат во јужните и источните подрачја над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 5 до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 9 степени.
Утре времето ќе биде облачно и посвежо со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Снежната граница ќе се спушти до висина и под 1000 метри. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во вторник попладне и во среда времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет. Во четврток и петок се очекува стабилизирање на времето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес