Најмногу дожд наврнал во Охрид

Изминатите девет часа најмногу дожд наврнал во Охрид, 11 литри на метар квадратен.
Како што соопшти УХМР, до 17 часот попладнево се измерени и девет литри на метар квадратен во Лазарополе и Битола, шест во Маврови Анови, пет во Крушево, четири во Ѓуриште, три во Претор и Прилеп, два во Демир Капија и Тополчани и еден литар на метар квадратен во Крива Паланка, Берово, Велес и Кавадарци.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град.
Во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град.
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
