Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип

Најмногу дожд наврнало на Попова Шапка, а најмалку во Штип, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 16:30 часот денеска, а за претходните девет часа.
На Попова Шапка наврнало 35 литри на квадратен метар, 29 - Лазарополе, Пожаране, 25 - Тетово, 19 - Маврови Анови, 17 - Скопје-Зајчев Рид, 10 - Крушево, Тополчани, 7 - Претор, 6 - Охрид, 5 - Крива Паланка, Ѓуриште, Битола, Велес, Пожар, 3 - Прилеп, 2 - Струмица, Берово, 1 - Штип.
Максимална температура 11 била евидентирана во Крушево, Маврови Анови, 12 - Тетово, Лазарополе, 13 - Скопје-Зајчев Рид, Претор, 15 - Струмица, Крива Паланка, 16 - Скопје-Петровец, Берово, Прилеп, Охрид, Демир Капија, Велес, 17 - Гевгелија, Штип, 18 - Кавадарци, Битола, 19 - Виница.
Од УХМР потенцираат дека низ државата дувел умерен, наместа засилен ветер од јужен правец. Во Штип, ветерот достигнувал брзина до 60 километри на час.
Според синоптичарите, повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат пообилни - над 40 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
За утре се најавува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови - над 25 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на циклонска активност, се очекува да продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток, врнежите се очекува да бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот, повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд - над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.
Утринските и дневните температури од недела значително ќе опаднат.
МИА
Ново на Сител
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
-

Приведен насилник од скопско, физички ја нападнал малолетната ќерка
-

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника - уверува министерката Димитриеска-Кочоска
-

Алиу: На уште три компании за одгледување марухуана ќе им се одземат лиценците, а уште една се анализира
