Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнал во Куманово
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Куманово - 17 литри на метар квадратен, потоа во Тетово - 8, во Скопје-Петровец и во Дебар - 5, во Демир Капија - 3, во Крива Паланка, Охрид, Берово, Струмица и Крушево по еден литар на метар квадратен, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Утрово времето во државава е сончево со мала до умерена облачност. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. UV=7
Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи Максималната температура ќе достигне 32 степена.
Ново на Сител
-
„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука
-
72-годишна жена почина во пожар во нејзиниот стан
-
Вреди: Таравари им ги украде мандатите на граѓаните кои гласаа против ДУИ
-
Нема нов папа ни по второто гласање на конклавата
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму
-
Скопјанец доби условна казна затвор за ширење омраза за коментари поврзани со Парадата на гордоста
-
Изминатите два дена 1452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење
-
Дачиќ: Нема потреба за вонредни избори; Брнабиќ: Студентите да му се обратат на Вучиќ